На репертоарот на охридскиот концерт ќе се најдат се сами хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје-Сарај-Матка и обратно“, „И племето и семето“, „Труба”, „Време за плачење“, „Во бестрага“ а, ќе се пеат и песни од новиот албум „Првите триесет“.
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов не мирува, постојано е професионално активен, а во текот на овој период кога веќе фатија горештини, тој се подготвува за својот следен концерт. Ќе одржи супер-концерт во Охрид на 19 јули, во Антички театар од 21 часот, објави продукцијата „Фреш-унион“. Интересот е многу голем. Многу луѓе сакаат да уживаат во неговиот музичко-актерски настап.
-Мојата верна публиката ќе има можност да го слушне најдоброто од мене. На сцената ќе бидам придружуван од мојот соборец Гуру Харе, а тој никаде не настапуваат без својот бенд. Таква солидрана клапа на распеани професиолалци уметници ретко каде можете да ја сретнете. Концертот е насловен како ‘Најдоброто од…’, ќе се снима и ќе биде прикажан на една од домашните телевизии во текот на раната есен, објаснува располежениот Џамбазов.
На репертоарот на охридскиот концерт ќе се најдат се сами хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје-Сарај-Матка и обратно“, „И племето и семето“, „Труба”, „Време за плачење“, „Во бестрага“ а, ќе се пеат и песни од новиот албум „Првите триесет“.
Инаку, Џамбазов поодамна не живее во Скопје. Во нашата метропола доажа ретко, преселен е во Дојран, каде гради луксузна куќа и каде што му прија животот во третото доба. Таканаречениот пензионерски живот, и ако Игор никогаш не замина во класична пензија, туку е уште активен, покрај Дојранското езеро му донесе здравје, смиреност, позитивни мисли. Од сите страни пука од радости. Би рекле во инает на душманите. Вистина е дека само во Дојран, дише длабоко, на чистиот воздух. (Д.М.)