Организацијата AARP објави листа на најзгодни актери преку 50 години, а Идрис Елба го освои првото место. На листата се најдоа и други ѕвезди кои се сметаат за едни од најзгодните мажи во светот како што се Бред Пит, Патрик Демпси и Џорџ Клуни.

AARP, непрофитна организација која се залага за постарите Американци по низа прашања, се занимава и со култура и забава, а најновото издание на нивното списание објави листа на најжешките актери преку 50 години.

Тие направија список од 25 мажи во нивните 50-ти, 60-ти и 70-ти години за кои велат дека „имаат одреден вид магнетизам, живост, срце и душа што се сведува на таа ретка, неопиплива суперсила: ѕвезден квалитет“.

На првото место е Идрис Елба (52), втор е Педро Паскал (50), додека на третото место е Ноа Вајл (54).

„Актерот роден во Лондон се здоби со слава во 2002 година во серијата „The Wire“ на HBO, нè насмеа во серијата „The Office“ на NBC во 2009 година, а следната година се проби во британската крими-драма „Luther“ – освојувајќи Златен глобус за најдобар актер за улогата на брилијантниот, но опсесивен детектив“, рекоа тие во весникот за Елба, кој ја однесе титулата за најжежок.

Пирс Броснан (72) е најстариот на листата и ја зазеде 21. позиција, додека претходно споменатиот Паскал е најмладиот.

Многумина го забележаа отсуството на актери како Џони Деп, Бен Афлек, Антонио Бандерас или Кевин Костнер.

Меѓу најзгодните актери се и Дензел Вашингтон (70), Бред Пит (61), Даниел Крег (57), Патрик Демпси (59), Двејн Џонсон (53), Киану Ривс (60), Колман Доминго (55), Мет Дејмон (54), Метју Меконахи (55), Морис Честнат (56), Џон Хам (54), Хавиер Бардем (56), Рики Мартин (53), Роб Лоу (61), Бенџамин Брат (61), Хју Џекмен (56), Пирс Броснан (72), Кен Ватанабе (65), Били Портер (55), Роберт Дауни Џуниор (60) и Џејми Фокс (57).

ИЗДВОЕНИ