Иднината на медицината: Трансплантацијата на свински органи би можела да ги надмине човечките

21
Pexels

Првата трансплантација е веќе извршена, а во почетната фаза постапката треба да се изврши кај шест пациенти за кои човечките органи не се достапни или се предлого на листи на чекање

Трансплантацијата на органи од свињи на луѓе, позната како ксенотрансплантација, во иднина би можела да стане поефикасна од класичните трансплантации од човечки донори, верува д-р Роберт Монтгомери, директор на Институтот за трансплантација NYU Langone.

Тој води клиничко испитување во кое генетски модифицирани свински бубрези се трансплантираат во живи пациенти. Првата трансплантација е веќе извршена, а во почетната фаза постапката треба да се изврши кај шест пациенти за кои човечките органи не се достапни или се на листи на чекање предолго. Органите се генетски модифицирани за да се намали ризикот од отфрлање, а доколку американската ФДА го одобри продолжувањето, истражувањето ќе се прошири.

Монтгомери нагласува дека хроничниот недостиг на човечки органи бара нови решенија и верува дека свинските органи, благодарение на генетските модификации, еден ден би можеле да се покажат како уште поквалитетни од човечките органи, пишува Гардијан.

ИЗДВОЕНИ