
Командантот на „Хамас“ Халил ал-Натиб кој го предводеше најсмртоносниот напад во Појасот Газа е убиен во напад со дрон во текот на викендот, соопштија израелската војска и внатрешната безведносна служба Шин Бет.
Израелските одбранбени сили наведуваат дека Хатиб командувал со ќелијата на „Хамас“ во терористичката група на батаљонот Магхази, која го изведе нападот со ракетен фрлач на гранати на трупите кои оперирале во близина на израелската граница на 22 јануари во 2024 година, пренесува „Тајмс оф Израел“.
РПГ погодија две згради кои беа поставени за детонација и тенк кој ги чуваше трупите, кога загинаа 21 израелски војник.
Тоа беше најсмртоносниот напад на израелските трупи во текот на војната, пренесува „Танјуг“.