ИДФ објави видео од уништувањето на иранскиот реактор/ВИДЕО

472
Screenshot/X

Израелската војска во четврток објави дека спроведува серија напади во Иран, вклучувајќи го и Техеран, на седмиот ден од офанзивата против Исламската Република.

Иранската воздушна одбрана беше активирана во центарот на Техеран и пресретна беспилотни летала над иранската престолнина, објави полуофицијалната новинска агенција SNN.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија видео на кое се гледа уништувањето на нуклеарен објект во иранскиот град Арак.

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им порача на иранскиот народ: „Ако непријателот почувствува дека се плашите од него, нема да ве пушти“. Продолжете со истите акции што ги имавте досега, продолжете со тие акции исто толку силно.“

ИЗДВОЕНИ