Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека палестинските цивили во сите области на градот Газа мора веднаш да се евакуираат пред голема копнена офанзива против Хамас во областа, објави „Тајмс оф Израел“.
Предупредувањето ја означува првата општа наредба за евакуација на целата област на градот Газа; претходните предупредувања издадени од израелската војска во последните денови се однесуваа само на одредени згради и областа околу нив.
„ИДФ е решена да го победи Хамас и ќе дејствува во областа на градот Газа со голема сила, исто како што правеше низ целиот Појас“, изјави полковник Авичаи Адреи, портпарол на ИДФ, на арапски јазик на платформата X.
На Палестинците им беше наредено да се упатат кон хуманитарна зона одредена од Израел во јужниот дел на Појасот Газа преку крајбрежниот пат.
Во исто време, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Газа ќе биде „срамнета со земја“ ако Хамас не се предаде и не ги ослободи заложниците што ги држи 23 месеци.
„Ако терористите на Хамас не го положат оружјето и не ги ослободат сите заложници, тие ќе бидат уништени, а Газа ќе биде срамнета со земја“, рече Кац во објава на IX.
Според палестински извори, неколку високи згради беа погодени во понеделник, додека ИДФ потврди напади врз две згради.