Идентификувани се сите жртви во пожарот во Кран-Монтана- менаџерите на барот се под истрага за убиство од небрежност

171
Фото: EPA/ALESSANDRO DELLA VALLE

Швајцарската полиција соопшти дека ги идентификувала сите 116 лица повредени во пожарот во бар на новогодишната ноќ во ски-центарот Кран-Монтана и дека 83 од нив се уште се во болница, пренесе „Бета“.

Властите претходно соопштија дека 119 лица се повредени, а 40 починале.

Полицијата денес соопшти дека три лица примени во болниците во ноќта на пожарот погрешно биле поврзани со трагедијата.

Меѓу повредените има 68 швајцарски државјани, 21 француски државјани, 10 Италијанци, четири српски државјани, двајца Полјаци и по едно лице од Австралија, Белгија, Босна и Херцеговина, Чешка, Луксембург, Португалија и Република Конго, се вели во соопштението на полицијата.

Меѓу повредените има и четири лица со двојно државјанство: француско и финско, француско и италијанско, швајцарско и белгиско, и италијанско и филипинско.

Обемот на изгорениците го отежна идентификувањето на некои од жртвите од пожарот што избувна во 1:30 часот наутро на Нова Година, принудувајќи ги семејствата на повредените да достават примероци од ДНК до властите.

Властите објавија во недела навечер дека ја завршиле идентификацијата на 40 лица кои загинаа, од кои најмладиот имал 14 години.

Италијанските власти денес ги пренесоа телата на пет жртви со воен авион од аеродромот во Сион, главниот град на швајцарскиот регион Вале, каде што се случи пожарот.

Истражителите изјавија дека веруваат оти прскалките на шишиња шампањ на врвот од таванот го запалиле пожарот.

Швајцарските власти започнаа кривична истрага против менаџерите на барот.

Главната обвинителка на Вале објави дека двајцата се осомничени за убиство од небрежност, телесна повреда од небрежност и палење.

ИЗДВОЕНИ