Овој коктел ги топли коските и ги опушта мускулите, а најдоброе да го пиете по полека и тоа пред спиење, иако нема да ви штети ако го пиете и во текот на денот. Познат е по тоа што му бил омилен на славниот книжевник Марк Твен.
Се нарекува „Хот Тоди“ и важи за еден од едноставните, а вкусни зимски коктели, кој е неверојатно популарен во Америка, но и во Ирска каде што го нарекуваат топол виски.
Основниот рецет има само четири состојки – топла вода, виски, мед и лимон – но, во него може да се додадат и разни зачини како ѓумбир, каранфилче или циметн, пренесува punkufer.hr.
За да си го приготвите не ви е потреба посебна опрема за коктели, ниту многу време.
Состојки:
-189 мл врела вода
-45 мл виски
-2-3 лажици лимонов сок
-2-3 лажичиња мдец
-парче лимон за украсувањње
-стапче цимет за послужување
Подготовка:
Загрејте ја водата, па прелејте ја во чаша. Сипете го вискито, потоа додајте ги медот и лимоновиот сок па сето тоа убаво измешајте го.
Послужете со стапче цимет по желба и со парче лимон.












