Ибрахимовиќ како Џокер, со провокативна фотографија: Еве како ги збунувам луѓето!/ФОТО

104

Златан Ибрахимовиќ сега работи како технички советник во Милан откако помина фантастична кариера во најдобрите европски клубови.

Тој често објавува на социјалните мрежи и неодамна сподели како се почастил со ретко и скапо Ферари.

Во петокот ноќта, поранешниот шведски репрезентативец имаше и објава посветена на Ноќта на вештерките, а патем го покажа и своето извајано тело.

Ибрахимовиќ реши да се маскира како Џокер, легендарниот лик од серијата DC Comics, кој е еден од најголемите непријатели на Бетмен.

„Смејте се, бидејќи тоа ги збунува луѓето“, напиша Ибрахимовиќ под објавата.

Фановите реагираа на неговата објава со „лајкови“ и коментари, воодушевени од тоа колку се потрудил.

ИЗДВОЕНИ