
Легендарниот шведски напаѓач, Златан Ибрахимовиќ, често е во центарот на вниманието за време на Светското првенство, бидејќи анализира натпревари за „Fox Sports“, и навистина привлече големо внимание со своите изјави.
Во емисијата на „FOX Sports“, Ибрахимовиќ издвои пет играчи кои ги смета за најдобри во светот, а особено ја нагласи силата на француската репрезентација.
„Од петте најдобри играчи во светот, тројца играат во францускиот напад. Тие се Осман Дембеле, Мајкл Олисе и Килијан Мбапе. Кон нив би ги додал Ламин Јамал и Ерлинг Халанд“, рече Ибрахимовиќ.
Неговата изјава беше особено интересна поради фактот што резервираше три места за француската репрезентација, што го смета за потврда на квалитетот што го поседува селекцијата на Дидие Дешамп во моментов.
Дембеле има одлична сезона зад себе и е еден од најопасните крилни играчи на денешницата, додека Олисе направи огромен скок напред со своите игри во последната година и се етаблираше како еден од најкреативните офанзивни играчи во европскиот фудбал.
Кога станува збор за Мбапе, Ибрахимовиќ немаше дилема. Францускиот капитен е една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал со години, а неговите настапи и конзистентност на највисоко ниво за Швеѓанецот сè уште го рангираат на самиот врв.
Според многумина, Франција е незапирлива и главен фаворит за освојување на Светското првенство, но секако ова е турнир за најдобрите во светот и сè може са се случи.
Французите ја здробија Шведска на Ибра во осминафиналето, па сега имаат натпревар против Парагвај, кој сензационално ја елиминираше Германија.
Шпанија на Јамал ја доби 1/16 финалната пресметка против Австрија, додека Халанд и Норвешка ќе играат против Бразил во осминафиналето.











