Искусниот центар Серж Ибака, шампион на НБА од 2019 година, најави враќање на најсилното клупско кошаркарско натпреварување по две сезони минати во Евролигата, каде што играше за Баерн Минхен и за Реал Мадрид.

Ибака, кој моментално е слободен кошаркар, сподели фотографија од тренинг во универзитетска вежбалница, со натпис: „НБА-враќање“, што предизвика бројни реакции кај навивачите и кај медиумите.

Ибака, кој има 14 НБА-сезони зад себе, последен пат играше во најсилната лига во светот во сезоната 2022/2023, за Милвоки бакс. По тоа, помина две години во Евролигата. Во дресот на Баерн имаше одличен настап: 12,6 поени, 6,8 скока и 1,3 блокади на натпревар, со импресивни 48 % шут за три поени. Тој играше за Реал Мадрид минатата сезона, кога имаше просек од 6,2 поени и 3,2 скока во Евролигата. Ибака, кој сега има 36 години, двапати беше најдобар блокер во НБА и освои шампионска титула со Торонто репторс, во 2019 година.

ИЗДВОЕНИ