И Трамп Помладиот сака да биде претседател!

72
EPA-EFE/SARAH YENESEL

Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека не ја исклучува можноста да се кандидира за претседател.

„Можеби еден ден… тој повик постои“, рече Трамп Помладиот за време на говорот на Катарскиот економски форум во Доха, одговарајќи на прашање дали ќе се кандидира за функцијата на следните претседателски избори.

Тој не ги прецизираше плановите за иднината и додаде „дека тоа не се знае“, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ