Натпреварот меѓу Чикаго и Мајами, кој требаше да се одигра во петокот изутрина, беше одложен поради бизарна причина. Навивачите седеа во „Јунајтед центар“ практично два часа и чекаа нивните фаворити да истрчаат на теренот, но добија известување да ја напуштат салата, бидејќи теренот не бил функционален за кошарка. Поточно, натпреварот беше одложен поради влага на теренот, и покрај обидите да се избрише водата – редарите на крајот не успеаја.

Ова е првпат од 2017 година да биде одложен натпревар од регуларната сезона во НБА-лигата поради лизгав терен (тогаш играа Минесота и Портланд), а водата беше видлива кога излегоа играчите да се загреат. Нивото на влажност во салата беше двојно повисоко од вообичаено за натпревар, дури и во Чикаго беше потопло од вообичаено во текот на денот, и сите беа убедени дека ќе се игра натпреварот бидејќи беше свирена и химната на САД. Сепак, подот беше премногу влажен за играње, па сите навивачи што купија билети за овој натпревар ќе добијат поврат на парите, соопшти НБА.

ИЗДВОЕНИ