И тие плати што ги земаат не ги заслужуваат!

224
Мицкоски не се согласува за повисоки примања за судиите и обвинителите

 

Во најскоро време треба да бидат донесени неколку закони како што е Закон за јавно обвинителство, судови, обвинителска служба, кои се дел од реформската агенда. Во нив главен проблем се платите на судиите и обвинителите. Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со измените на законите поврзани со судството, обвинителите и судиите да земаат повисоки плати.

– Со измените судија ќе има плата од 300.000 до 350.00 денари. И тие што ги земаат – не ги заслужуваат. За некои што имаат два проценти доверба и сега имаат високи примања. Јас би ги намалил. Граѓаните треба да знаат зошто би имале повисоки примања, изјави премиерот Мицкоски на брифинг со новинарите. Истакна дека во следниот период ќе се користат искуствата од некои европски земји.

На брифингот со новинари, министерот за европски прашања Орхан Муртезани информираше што се е досега реализирано од реформската агенда и што ни претстои, а по состанокот со мониторинг Комитетот на официјален Брисел. Според него, оценето е дека 40 од проектите се се реализирани, 50 проценти од средствата се искористени и исто толку се изреализирани реформите.

Дел од реформската агенда и планот за раст. Во овој дел премиерот очекува земјата да стане фронт лидер во исполнување на реформската агенда. Премиерот вели дека компаративна анализа се прави и во врска со измените на Кривичниот законик, односно за измената на членот 353 за злоупотреба на службената положба.

Во врска со еу-интеграциите Мицкоски истакна дека е потребна е поробусна акција од други центри на моќ и најави можно приближување на Скопје и Софија на почетокот на идната година.

ИЗДВОЕНИ