Кога нешто правиме искрено и произлегува директно од срцето без никакви лаги и маски, тоа се чувствува. Тоа го чувствуваат и обожавателите. Верувам во успехот на оваа прекрасна балада, вели Тијана
„Само мој ” е новата песна, шеста по ред, на вонсериски талентираната македонска пејачка Тијана Периќ. Таа нашата музичка сцена ја освои во 2023 година кога дебитираше на „Макфест”. Тогаш г освои симпатиите со композицијата „Бумеранг”. Песната ја компонираше Иван Петровски кој ја подготви, музиката и аранжманот и се погрижи за микс мастерот, додека текстот го напишаа Иван Петровски, За прв пат и Тијана се потпишува како автор на текст.
Текстот е создаден со искрена емоција, од срце:
-Горда сум на мојот нов проект! Се започна со многу голема љубов, желба и конекција помеѓу две срца, а заврши во нешто поради кое сум најсреќа на себе си самата. Исто така и благодарна на сите луѓе кои заедно го работевме овој проект. Кога нешто правиме искрено и произлегува директно од срцето без никакви лаги и маски, тоа се чувствува. Тоа го чувствуваат и обожавателите. Верувам и се надевам дека барем ронка од нашата љубов, среќа, задоволство и возбуда што ја имавме постојано низ целиот процес на создавањето на “Само мој” е присутно и кај сите останатите, вели згодната Тијана.
За видеозаписот на песната се погрижи @bili.d ( Artistic Production, Solution Plus Studio) а, монтажата е дело на Филип Димитриевски. Тие направиja еден навистина еден преубав проект.
Инаку, Тијана Периќ се занимава со музика уште од најрана возраст. Одела во нижото музичко училиште каде што учела да свири клавир и основи на музиката. Има завршено и средно музичко училиште во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, а сега е апсолвент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Веќе 17 години свири клавир. До сега имала доста настапи и учествувала на повеќе натпревари. Талентот за музика го наследила од својот татко, кој работи како наставник по музика. Голем придонес во нејзината музичка наобразба имаат професорката по клавир Дилек Реџеп и професорката по соло-пеење Александра Коцевска.