И Португалија официјално ја призна државноста на Палестина

160

Португалија денеска ја призна државата Палестина, изјави португалскиот министер за надворешни работи Пауло Рангел.

„Португалија се застапува за решение за две држави како единствен пат до траен мир“, рече Рангел, пренесува агенцијата „Луса“.

Претходно денеска Велика Британија, Канада и Австралија исто така официјално ја признаа палестинската држава. Во моментот, Палестина ја признаваат 150 држави од вкупно 193 држави-членки на ОН, што е околу 75 отсто, но таа нема меѓународно договорени граници, главен град ниту војска.

Од ноември 2012 година, Палестина има статус на држава набљудувач, која не е членка на Генералното собрание на Обединетите нации.

ИЗДВОЕНИ