„Лукоил Македонија“ не отпушти ниту еден од своите вработени

22

Добра вест е што е дозволено бензинските пумпи на Лукоил да работат во земјите каде што ги има, оцени претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, и нагласи дека во изминатиот месец, и покрај санкциите, нема никакви проблеми во функционирањето на „Лукоил Македонија“.

–Нема никакви проблеми во снабдувањето со нафтени деривати и сè се одвива нормално. Тоа е поради фактот што Македонија е најмалку засегната од сите останати земји, пред сè, поради тоа што во Македонија нема рафинерија ни Лукоил ниту, пак, некоја друга рафинерија во сопственост на Руската Федерација. Оваа најнова одлука на САД сигурно ќе ја подобри ситуацијата, рече Бислимоски.

Тој нагласи дека во изминатиот период, „Лукоил Македонија“ се однесуваше исклучително коректно, не отпушти ниту еден од своите вработени и ги презеде сите мерки за да функционира нормално.

–Според информациите што ги имам, „Лукоил Македонија“ обезбедува нафтени деривати од трговците во државата. Заради тоа немаше прекин во снабдувањето со нафтени деривати, рече Бислимоски.

ИЗДВОЕНИ