И по 122 години, пораките на Даскалот се сè уште актуелни: Поклон пред Гоце –неговата смрт нека служи за раѓање на нови јунаци

65

Со цвеќе и поклон пред вечното почивалиште во црквата „Свети Спас“, беа одбележени 122 години од смртта македонскиот револуционер и великан, Гоце Делчев. Делчев важи за еден од најистакнати македонски национални херои и борци за независна и слободна Македонија. Тој е деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Се залагаше за самостојно развивање на Движењето и за организирање на македонските маси, без оглед на верата и националната припадност. Ослободувањето на Македонија го гледаше како нејзина внатрешна работа, а неговите пораки се актуелни и денеска.

„Ние не мислиме да правиме политика, ниту на други да им дозволиме да прават политика со Македонија. Нашата борба за нас, тоа е живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме. Кога ќе се прави востание, ќе реши народот”, велеше тој. „Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која било друга сила, туку треба да се подготвиме од внатре – во душата на секој селанец да се проникне таа идеја”. Историчарите се едногласни кога велат дека во македонското револуционерно наследство нема позначајна личност од Гоце Делчев

 

Со цвеќе и поклон пред вечното почивалиште во црквата „Свети Спас“, беа одбележени 122 години од смртта македонскиот револуционер и великан, Гоце Делчев. Тој бил убиен од турскиот аскер во селото Баница, на пат кон Сер. По неговото убиството, неговите посмртни останки се чувале во селото Баница,  до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Во 1946 година, останките на Делчев се пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Гоце Делчев важи за еден од најистакнати македонски национални херои и борци за независна и слободна Македонија. Тој е деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Се залагаше за самостојно развивање на Движењето и за организирање на македонските маси, без оглед на верата и националната припадност. Ослободувањето на Македонија го гледаше како нејзина внатрешна работа, а неговите пораки се актуелни и денеска. „Ние не мислиме да правиме политика, ниту на други да им дозволиме да прават политика со Македонија. Нашата борба за нас, тоа е живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме. Кога ќе се прави востание, ќе реши народот”, велеше тој. „Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која било друга сила, туку треба да се подготвиме од внатре – во душата на секој селанец да се проникне таа идеја”.

Неговата смрт нека служи за раѓање на нови јунаци кои ќе се борат за македонската слобода, порача поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан.

-Учителот Гоце го дал својот живот за како што семето кое што ќе биде фрлено на земјата умира за да роди нов плод, така и неговата смрт да послужи како семе за раѓање на нови јунаци за македонската слобода. Затоа, возљубени никогаш, никако да не дозволиме да ни избледат сеќавањата за Гоцевите дела, рече г.г Стефан.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека 4 Мај нè потсетува на тоа колкав титан имал македонскиот народ, кој што имал не само локално, туку и многу пошироко значење.

-Неговата борба за Македонија, неговата хуманост, неговото дело се безвременски и така и ќе останат за генерациите кои следат. Оваа генерација политичари во македонската Влада имаат чест да го пренесат сеќавањето на неговото дело на оние генерации кои што следат, но истовремено и достојно да го чуваат и негуваат, изјави Мицкоски.

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова порача дека Гоце Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина.

-Денот на смртта на најмаркантната и најсветлата фигура на македонското револуционерно национално дело, втемелувачот на македонскиот републиканизам, апостолот на ВМРО, учителот Гоце Делчев, нè потсетува на жртвата што нашите предци ја дале за македонскиот народ да живее во сопствена држава за да може културно да се натпреварува со другите народи, порача Силјановска-Давкова.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека треба да ги имплементираме пораките на Делчев, како што е визијата за слободна и независна Македонија, посебно сега во време кога доминира технологијата.

-Ако Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денеска после повеќе од еден век, ако Гоце Делчев кажал дека светот треба да се разбере како поле за културен натпревар на народите, треба да работиме во таа насока, а не младите да го сфаќаат светот како поле за карта во еден правец, изјави Филипче.

Историчарите се едногласни кога велат дека во македонското револуционерно наследство нема позначајна личност од Гоце Делчев.

 

Државна награда „Гоце Делчев“

Наш јазик е македонскиот и за нас тој е најубав и најбогат јазик

Вчера беше врачена и државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година, која годинава им беше доделена на група автори: проф. д-р Веселинка Лаброска, академик и проф. д-р Марјан Марковиќ, проф. д-р Коста Пеев, проф. д-р Васил Дрвошанов, проф. д-р Еленка Стоевска-Денчова, проф. д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева, проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Ангелина Панчевска, м-р Соња Миленковска, д-р Давор Јанкуловски, д-р Македонска Додевска, д-р Дарко Томовски, м-р Ѓорѓе Геновиќ, постхумно на проф. д-р Аритон Поповски, проф. д-р Маријана Киш и проф. д-р Убавка Гајдова за научното дело „Македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотетката-лексички материјали)“.

На доделувањето на наградата во Собранието присуствуваше министерката за образование и наука Весна Јаневска, која истакна дека со државната награда „Гоце Делчев“ се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Македонија.

– Научното дело „Македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотеката-лексички материјали), изработено од група автори, ја отсликува работата на сите претходници и современици, а со тоа исцртува не само слика за лексичкото богатство на македонската дијалектна територија, туку и слика за долгогодишната ангажираност на дијалектолозите во овој мошне значаен проект за македонистиката и за славистиката, рече Јаневска.

Претседателот на Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ академик Живко Попов им го врачи признанието на годинашните добитници. Од името на наградените се обрати проф. д-р Веселинка Лаброска, која истакна дека авторите на овој атлас претставуваат пример за сплотеност и соработка меѓу Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Истражувачкиот центар за ареална лингвистка (ИЦАЛ) при МАНУ.

– Народот што сам се цени си го цени најпрво сопствениот јазик, јазикот на кој ги обликува своите мисли и чувства, а потоа ги учи другите јазици. Наш јазик е македонскиот и за нас тој е најубавиот и најбогатиот јазик, нагласи Лаброска.

ИЗДВОЕНИ