Онер Јакупоски официјално го прими уверението за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше од страна на Реџеп Агаи, претседателот на Општинската изборна комисија, информираа од општината.
За градоначалник беше избран на повторените избори одржани во неделата, на 11 јануари. Од 27 ноември со одлука на владата беше назначен за повереник со надлежности на градоначалник.
Тој истакна дека ова е голема чест за него, но уште поголема одговорност пред сите жители на Маврово и Ростуше, најавувајќи посветена работа за подобра иднина на сите населени места во општината.












