Името на еден од најголемите спортисти на денешницата, Новак Ѓоковиќ, неочекувано се појави во документи што ја потресоа планетата. Порака, непознато лице и реакција што сè уште поставува прашања.
Досиејата што ги остави Џефри Епстин, кои неодамна станаа достапни за јавноста откако ги објави Министерството за правда на САД, моментално се централна тема во светските медиуми. Меѓу морето имиња што се појавуваат во документите, имаше и едно што никој не го очекуваше – Новак Ѓоковиќ.
Имено, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, во еден момент реагираше на веста за свршувачката на Новак Ѓоковиќ и неговата сегашна сопруга, Јелена Ѓоковиќ.
Во таа пригода, тој испратил кодирана порака до непознато лице. Причината за тоа не е објаснета до ден-денес и веројатно ќе остане вечна мистерија.
Името на српскиот тенисер се појави во досиејата откако Епстин му го напиша зборот „yikes“ на непознато лице. Ова се случило веднаш откако медиумите објавија информации за свршувачката на Ѓоковиќ.

Зборот „yikes“ на англиски јазик значи извик што симболизира изненадување или непријатност. Најчесто се користи кога некое лице реагира на нешто неочекувано, непријатно или шокантно. Сепак, не мора да има негативно значење.
Идентитетот на лицето со кое комуницирал Епстин не е откриен во самите документи. Исто така, не е наведено зошто воопшто реагирал на гореспоменатата вест. Веста на која реагирал Епстин беше првично објавена на американски портал, а подолу е наведено во објавата:
„Српските медиуми објавуваат дека светскиот тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ, ѝ предложил брак на својата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ за време на викендот во Монте Карло. Ѓоковиќ и Ристиќ се заедно осум години. Таа е постојано присутна во неговиот бокс за време на искачувањето на Ѓоковиќ од талентиран, но незрел млад човек, до врвот на светскиот тенис. Таа е позната по своето многу емотивно навивање додека ги гледа неговите натпревари, што е сосема спротивно од резервираната Мирка Федерер или смиреноста на партнерката на Енди Мареј, Ким Сирс.“











