УФЦ го подготвува својот најголем проект досега за јуни следната година. Настан што ќе се одржи во Белата куќа во Вашингтон, за да се прослави 250-годишнината од американската независност.

Несомнено е дека УФЦ има намера да ги донесе најголемите ѕвезди пред прагот на Доналд Трамп, па затоа Џон Џонс се споменува дека ќе го вратат од пензија само за таа борба, но и контроверзниот Конор Мекгрегор.

Иако Конор Мекгрегор е надвор од антидопинг програмата на УФЦ, што значи дека повеќе не можеме да го наречеме активен борец, тој потврди дека договорот за неговото појавување во Белата куќа е веќе потпишан.

  • Имам осум месеци до таа борба и сè ќе свртам наопаку за да се подготвам за борбата во Белата куќа. Тоа е шестмесечна операција и мојот целосен фокус е на тоа во моментов. Многу работи се во прашање, но исто така сум многу возбуден, рече Мекгрегор во интервју за „MMA Fighting“.

ИЗДВОЕНИ