недела, март 1, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА И Македонија меѓу нив: САД ја замрзна обработката на визи за 75...

И Македонија меѓу нив: САД ја замрзна обработката на визи за 75 земји

101

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави ќе престане со обработка на имигрантски визи за граѓани од 75 земји, соопштија денеска американски медиуми. На листата на овие земји е и Македонија.

Според документот, американските амбасади и конзулати ќе одбиваат барања за имигрантски визи додека Стејт департментот ја прегледува и ревидира својата процедура за скрининг и проценка на апликантите.

Во списокот на погодени земји се најдоа, меѓу другите, Сомалија, Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија, Египет, Тајланд и Јемен. Престанокот на обработката на визи треба да започне на 21 јануари 2026 година и ќе важи додека трае ревизијата на процедурите.

Причината што е наведена во меморандумот е намерaта да се ограничи издавањето имигрантски визи за лица кои можат да станат „јавно оптоварување“, односно лица кои би имале потреба од владини социјални бенефиции по доаѓањето во САД.

Упатството им кажува на вработените во дипломатско-конзуларните служби дека може да ги одбиваат визите на апликанти кои, според проценката, се најмногу ризични поради фактори како здравствена состојба, возраст, познавање на англиски јазик, финансиска состојба или можни потреби за долгорочна медицинска грижа.

Засега не е објавено кога точно ќе заврши оваа пауза во обработката на визи и кои други земји дополнително ќе бидат засегнати.

ИЗДВОЕНИ