И ДУИ ќе има кандидат за градоначалник на Скопје, ќе се менува и името на коалицијата „Европски фронт“

640

Демократска унија за интеграција ќе има свој кандидат за градоначалник на Скопје, изјави денеска за весникот ВЕЧЕР Арбр Адеми, портпарол на оваа опозициска партија.

Тој рече дека името на кандидатот ќе биде познато наскоро.

-Тоа ќе биде соопштено во наредниве денови. Заедно со тоа ќе ги објавиме имињата и на другите кандидати за градоначалници на одредени општини – ни рече Адеми.

Адеми најави дека ќе следи и проширување на досегашната коалиција „Европски фронт“ со нови партнери.

-Коалицијата ќе се проширува со нови членки, а и тоа ќе биде познато во наредниве денови. Поради тоа проширување ќе се менува и досегашното име на нашата коалиција „Европски фронт“ – потнецира Адеми.

Според него, досега немало контакти со опозициската СДСМ за евентуална изборна соработка.

Вчера коалицијата Вреди објави дека ќе има свој кандидат за скопски градоначалник. ВМРО-ДПМНЕ веќе објави дека нивниот кандидат ќе биде Орце Ѓорѓиевски, а СДСМ застана зад Каја Шукова. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ