И денеска блокади низ Србија: Осуда на репресијата, изразена поддршка на студентите

316

Блокадите низ Србија продолжуваат и денес. Во Земун блокадата траеше цела ноќ, од 19 часот, а и понатаму трае. Вчера студентите на ФДУ во Белград одржаа протестна прошетка поради апсењето на нивни колеги.

Форумот на вработените од Факултетот за применети уметости во Белград, еден од трите кои не добија квоти за упис на бруцоши, соопшти денеска дека одговорноста на сите, особено на оние кои ги обликуваат идните творци и мислители, дека јасно и недвосмислено застануваа покрај младите луѓе и граѓаните кои „мирно бараат право на слобода еднаквост и вистина“.

Најостро осудувајќи ги сите облици на насилство и репресија над студенттие, матурантите и граѓаните кои ги користат со Устав загарантираните права на слобода на изразување и собирање Форумот на вработените на ФПУ ги повика сите надлежи институции итно да ја прекинат злоупотребата на сила, да ги прекинат апсењата и притисоците над учениците, студентите, професорите, соработниците, како и над сите граѓани и да престане таргетирањето и медиумскиот линч на академската заедница.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ