Шиитското воено-политичко движење Ансар Алах (Хути), кое владее со северен Јемен, повторно го нападна аеродромот Бен Гурион во Израел, изјави портпаролот на вооружените сили на Хутите, Јахја Сарија.
„Ракетните сили на јеменските вооружени сили (Хути) спроведоа воена операција, за време на која го нападнаа аеродромот Лод (Бен Гурион) во Јафа (Тел Авив) со хиперсонична балистичка ракета Палестина-2“, рече Сарија во соопштението објавено од јеменската новинска агенција „YP“.
Тој рече дека воената операција успешно ја постигнала својата цел и довела до тоа „повеќе од четири милиони ционистички напаѓачи да избегаат во засолништа“ и да ги запрат активностите на целниот аеродром, објави „Танјуг“.
Хутите објавија за претходен напад врз аеродромот во вторникот, 29 јули.