среда, јануари 21, 2026
Дома СКОПСКА Хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик во Кисела Вода

Хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик во Кисела Вода

40

Во рамки на активностите по повод Светскиот ден на волонтерството, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска на семејствата кои се наоѓаат во социјален ризик им достави хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти.

-Акцијата е реализирана како дел од заедничка иницијатива на Општина Кисела Вода и општинската организација на Црвениот крст на Република Македонија- известија од Општина Кисела Вода.

Оттаму додаваат дека поддршката опфатила повеќе семејства од територијата на општината, на кои преку оваа активност им е обезбедена конкретна помош за полесно справување со секојдневните животни потреби.

-Во реализацијата беа активно вклучени и волонтерите на Црвениот крст, чиј ангажман е значаен дел од целиот процес – нагласија од локалната самоуправа.

Општина Кисела Вода, во соработка со Црвениот крст, континуирано спроведува мерки и активности насочени кон унапредување на социјалната заштита, со јасна цел, навремена и ефикасна поддршка за оние на кои најмногу им е потребна.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска -Трајкоска истакна дека Светскиот ден на волонтерството потсетува на важноста на солидарноста и грижата еден за друг.

– Денеска, преку соработката со општинската организација на Црвениот крст и нивните посветени волонтери, обезбедивме конкретна поддршка за семејствата кои се соочуваат со социјални предизвици. Општина Кисела Вода ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи и да гради политики во кои човекот и неговото достоинство се секогаш на прво место – изјави Стаменкоска –Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ