Хуманитарна помош се уште не е пристигната во Појасот Газа

15
EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Хуманитарна помош се уште не е доставена во Појасот Газа, дури и откако Израел ја укина 11-неделната блокада за испорака на помош до палестинската енклава пред два дена, соопштија вчера ОН.

„Досега, ниту една од залихите не поминала низ граничниот премин Керем Шалом“, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дежарик.

Тој додаде дека ситуацијата е таква бидејќи израелските власти дозволиле дистрибуција преку премини што ОН „не ги смета за безбедни“ поради наводно поголемите шанси за грабежи.

ИЗДВОЕНИ