Хуманитарен штанд за собирање храна на плоштадот „Павел Шатев“ 

18

По повод одбележувањето на Неделата на борбата против гладот, в четврток и в петок, од 11:00 до 13:00 часот, на плоштадот „Павел Шатев“ во Кратово, волонтерите од училишните клубови на Црвениот крст на ООУ „Кочо Рацин“ и СОУ „Митко Пенџуклиски“ ќе постават хуманитарен штанд за собирање храна, со цел да се подигне свеста за проблемот со гладот и со сиромаштијата.

– Секогаш твојата мала донација може да значи многу за некој што нема доволно храна. Секој пакуван оброк, секој килограм храна е чекор поблиску до решавање на проблемот со гладот – потенцираат од Општина Кратово.

На штандот, граѓаните ќе може да донираат: трајни прехранбени производи (брашно, ориз, тестенини, конзерви, шеќер, масло и др.), како и производи за лична хигиена.

Сите собрани производи ќе бидат поделени на семејства во социјален ризик.

 

ИЗДВОЕНИ