Хуманитарен инклузивен турнир во пинг-понг во организација на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди (КСРИ) од Кавадарци се одржа викендов во кавадаречкиот спортски комплекс „Јасмин“. На турнирот, како што појасни Николчо Делов – претседател на КСРИ, покрај нивни членови, учествуваа и претставници на регионалниот еколошки центар „Екоживот“ и „Лијонс клуб – Тиквеш“.

– Овој турнир е една од многубројните активности што ги организираме со цел подигнување на јавната свест за постоењето и прифаќањето на различностите – истакна Делов.

Тој додаде дека соработката на полето на инклузијата со овие и други субјекти ќе продолжи и во иднина. Затоа што, како што нагласи, сите луѓе се исти и не треба да се делат по каква било основа.

 

ИЗДВОЕНИ