Црвениот крст на Град Скопје, в сабота, 13 септември, ќе го прослави големиот јубилеј: 80 години од своето постоење, односно 80 години хуманост во Скопје.
По тој повод, во срцето на Градскиот парк, кај фонтаната „Лотос“, ќе биде организирана целодневна програма со повеќе настани, наречена „Хумана зона“. Денот ќе биде исполнет со забава за најмладите, музика, настапи на млади таленти, диџеј-сетови и ќе бидат доделени јубилејни плакети/признанија и „Оскари на хуманоста“.
Активностите ќе започнат во 10:00 часот, со забава за најмладите, од 13:00 до 16:00 часот ќе настапат училишни бендови и млади талентирани изведувачи, за од 16:00 до 18:00 часот е предвидена забава со диџеј, а од 19:30 до 20:30 часот ќе биде доделувањето на јубилејните признанија и „Оскари на популарноста“. Прославата ќе биде заокружена со забава од 21:00 до 22:00 часот. Во текот на целиот ден, од 10:00 до 22:00 часот, ќе бидат промовирани активностите на Црвениот крст.