Хрватскиот ватерполист Јерко Мариниќ Крагиќ е осуден на шест месеци затвор. Шокантната вест одекна низ целиот регион, а информацијата ја објави „Дамалтински портал“.
Како што е објавено, времето поминато во притвор е вклучено во казната, а казната е заменета со општествено корисна работа. Со Мариниќ Крагиќ се уапсени уште три лица.
Познатиот хрватски ватерполист е осуден за инцидент што се случил за време на Европското фудбалско првенство во Франција.
Натпреварот меѓу Хрватска и Чешка на стадионот „Жефроа-Гисар“ во Сент Етјен е прекинат во 86-тата минута поради хаос на трибините.
Според обвинението на Општинското државно обвинителство во Сплит, Мариниќ Крагиќ и уште три лица се прогласени за виновни за предизвикување неред на трибините. Тие се обвинети за вербален и физички напад врз навивачи и редари кои се обидувале да спречат понатамошни немири, со цел да се спречи продолжувањето на натпреварот. Тие се обвинети и за поттикнување на други на насилство и продолжување на конфликтот.
Обвинетите ја негираа својата вина во текот на постапката. Мариниќ Крагиќ тврдеше дека се обидувал да ги раздели учесниците во конфликтот и да ја смири ситуацијата, но Судот ја донесе својата одлука врз основа на фотографии и видео снимки од стадионот.
Хрватскиот фудбалски сојуз беше казнет со 100.000 евра за настаните на стадионот во Сент Етјен.











