петок, февруари 13, 2026
Дома БАЛКАН Хрватски бизнисмен ранет во пукање во Загреб

Хрватски бизнисмен ранет во пукање во Загреб

86

Загрепската полиција потврди дека во средата околу 08:35 часот во загрепска населба Дубрава со огнено оружје бил повреден 57-годишен маж, а неофицијално се работи за бизнисменот Роберт Палиќ, еден од обвинетите на УСКОК за затајување данок при увоз на луксузни автомобили.

„По пријава дека денеска, 19 март, околу 08.35 часот во Дубрава, на раскрсницата Стефановечки и Грачачки завој, маж имал можна повреда на долните екстремитети, најверојатно како последица од прострелна рана. По пристигнувањето на полициски службеници на местото на настанот, потврдена е пријавата од полицијата.

Оттаму додаваат дека е утврдено дека станува збор за 57-годишен маж на кого му била укажана лекарска помош и дека нема опасност за други лица.

Полицијата се сомнева дека напаѓачот имал помошник. Палиќ бил веднаш пренесен во болница, каде бил опериран.

ИЗДВОЕНИ