Хрватска: Тринаесетгодишник со над два промила алкохол во крвта удрил со тротинет во мост

51

Тринаесетгодишно момче од Бјеловар, Хрватска, е тешко повредено откако пијано паднало од електричен тротинет.

Несреќата се случила во градот Оровац кога момчето ја загубило контролата врз тротинетот, кој паднал во канал, а тоа силно удрило во бетонски мост. Полицијата потврди дека во времето на несреќата, момчето немало заштитен шлем и рефлектирачки елек, а според законските одредби, не ја исполнувало старосната граница за управување со такво возило.

„Бјеловар лајв“ дознава дека откако му била земна крв во болницата, откриено е дека момчето имало концентрација на алкохол од повеќе од два промила. При падот, тоа претрпело тешки повреди на главата и повеќекратни скршеници на телото. Прво било пренесено во Општата болница во Бјеловар, а потоа, поради сериозните повреди, префрлено во Клиниката за детски болести во Загреб.

ИЗДВОЕНИ