недела, февруари 1, 2026
Дома БАЛКАН Хрватска повлекува храна за бебиња од пазарот поради зголемено присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња од пазарот поради зголемено присуство на бактерии

64

Хрватскиот државен инспекторат итно го повлече од пазарот производот „Аптамил АР1“ (Aptamil AR1), формула за бебиња, поради зголемено присуство на бактеријата Bacillus cereus. Како што соопшти Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH), одлуката е донесена врз основа на микробиолошките критериуми за безбедност на храната, пренесе Индекс.хр“.

Повлекувањето се однесува исклучиво на пакувањето од 400 грама со следните спецификации:

  • Рок на траење: 17.05.2026 година
  • ЛОТ број: 111444865
  • Производител: Nutricia Export BV, Холандија

Според информациите објавени од хрватските медиуми, производот не е во согласност со регулативите на Европскиот парламент за безбедност на храна. Дистрибутер за Хрватска е компанијата „AWT International d.o.o.“.

ИЗДВОЕНИ