недела, август 23, 2026
Дома БАЛКАН Хрват заврши во притвор: Со огномет го славел враќањето на шефицата од...

Хрват заврши во притвор: Со огномет го славел враќањето на шефицата од болница и предизвикал голем пожар

0
EPA/SOPHIE GARCIA

Градежниот техничар А.Б. (38) од Сплит доби мерка притвор со одлука на истражниот судија на Окружниот суд во Дубровник. Тој е обвинет за предизвикување голем пожар во областа Горица на 11 август со палење огномет при силен ветер, што загрози и станбени згради. Изгореа околу шест илјади квадратни метри густа борова шума и ниска вегетација. Пожарот беше изгаснат околу 2:30 часот наутро на 12 август од страна на 22 пожарникари од Противпожарната служба на Дубровник и четворица пожарникари од Противпожарната служба на Затон, пишува Дубровачки дневник.

Истрагата се потпираше на снимки од безбедносните камери на кои е снимен маж како вози од ресторан до Горица Свети Влахо со автомобил. Таму, тој поставил кутија со огномет и ја активирал неколку минути пред полноќ. Огнометот, сепак, траел само една минута. Потоа човекот се вратил на истата локација и запалил уште еден огномет, по што избувнал пожар. Пожарот почнал брзо да се шири поради екстремно силниот ветер.

За време на истрагата, осомничениот признал дека тој го подметнал пожарот. Тој изразил каење и објаснил дека причината за пожарот не била забава, туку дека сакал да го прослави враќањето на својата шефица од болница.

Тој му рекол на истражниот судија дека никогаш повеќе нема да помисли да направи нешто такво. Неговиот адвокат тврдел дека нема ризик неговиот клиент да го повтори делото додека е на слобода. Сепак, фактот дека тој не се предал сам, туку полицијата спровела истрага десет дена за да утврди кој е сторителот, бил земен како отежнувачка околност.

Истражниот судија одредил притвор за кривичното дело загрозување на животот и имотот со општо опасно дејствие или средство.

ИЗДВОЕНИ