четврток, октомври 8, 2026
Дома СВЕТ Хрват со специјална мисија падна на задачата! Шпанската полиција заплени 1,5 тони...

Хрват со специјална мисија падна на задачата! Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин

74
EPA/A. CARRASCO RAGEL

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побри до Карамињал, на брегот на северната покраина Галиција, а меѓу тројцата уапсени е и хрватски државјанин, објави во неделата локалниот весник „Ла Воз де Галиција“.

Кокаинот е пронајден во зграда на имот во близина на морето, каде што, според резултатите од досегашната истрага, бил привремено складиран, пренесува Индекс.хр.

Брегот на Галиција, познат по своите карпести заливи, е една од важните области за влез на кокаин во Шпанија преку Атлантскиот Океан од Јужна Америка.

Во последниве години, истражителите ја забележаа и соработката на локалните криминални групи со лица од земјите од поранешна Југославија – Црна Гора, Србија и Хрватска, и сега се обидуваат да откријат дали има поврзаност и со овој случај.

Уапсениот Хрват, според истражителите, имал улога на „нотар“. Станува збор за лице испратено од една од криминалните организации вклучени во шверцот за да ја надгледува операцијата и да ги заштити интересите на неговите налогодавци. Според полициските информации, неговата задача е, меѓу другото, да ја контролира испораката и количината на дрога и да провери дали се исполнети договорените услови.

Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат како кокаинот стигнал до брегот. Бродот со кој бил донесен сè уште не е пронајден, а се претпоставува дека дрогата пристигнала на локацијата непосредно пред полициската операција.

ИЗДВОЕНИ