Хрват прогласен за мртов во Германија, по 31 година пронајден жив во Франција

607

Хрватскиот државјанин Борис Ц., кој исчезнал во Германија во 1994 година, на 37-годишна возраст и кој подоцна бил прогласен за мртов, деновиве, речиси по 31 година  е пронајден жив и здрав во Франција.

Полицијата, која ја водела истрагата за исчезнувањето во Диселдорф, го пронашла автомобилот на Борис Ц. со траги од неговата крв, поради што сметала дека е убиен.

Сега е откриен благодарение на едно популарно германско шоу за исчезнувања и нерешени случаи, кое емитувало за неговиот случај, по што повторно била поведена истрага. Тој бил пронајден во Франција, каде што, со друг идентитет,  живеел со ново семејство.

Според сознанијата на магазинот „Феникс“, Борис Ц. ја лажирал својата смрт, затоа што во тоа време бил во тешка финансиска состојба и се плашел за сопствената безбедност, како и за безбедноста на своите најблиски. Намерно се повредил и оставил крвави траги во возилото за да ги убеди сите, вклучително и полицијата, дека е убиен.

 

ИЗДВОЕНИ