„Христос од длабочините“: Невообичаена статуа на Исус на дното на морето/ВИДЕО

25
screenshot Youtube Emanuel Rau

Невообичаената статуа на дното на морето во заливот Сан Фрутуозо, сместена помеѓу Џенова и Портофино, Италија, во близина на морскиот парк, е една од најпознатите атракции на лигурскиот брег. Статуата е наречена и „Христос од длабочините“.

Статуата на Исус Христос стои на пиедестал, со раширени раце, гледајќи кон површината на водата, симболизирајќи помирување, надеж и врска помеѓу човекот и морето.

Идејата за статуата потекнува од нуркачот Дуилио Марканте. Таа е подигната во чест на Дарио Гонзати, пријател на Дуилио Марканте и пионер на нуркањето, кој починал.

Проектот го реализирал скулпторот Гвидо Галети, а материјалот од кој е направена статуата е посебен – бронза добиена со топење стари бродски ѕвона, делови од подморници и други донирани материјали.

Статуата висока два и пол метри е поставена на морското дно на заливот во 1954 година, на јужната страна од Портофино. Ова е едно од најпознатите места за нуркање во целата област. Статуата не е многу длабока, поради што ја посетуваат нуркачи, љубители на длабочините и љубопитни пливачи.

ИЗДВОЕНИ