Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември изнесува 4 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 3 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според овие податоци, за еден месец (октомври – ноември), инфлацијата се зголемила за 0,5 %, а на тоа најмногу влијаел порастот на трошоците на живот во транспортот од 1,7 % потоа рекреација и култура (0,9 %), храна и безалкохолни пијалаци од 0,7 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата (0,5 %), ресторани и хотели, здравје за (0,3 %), алкохолни пијалаци, тутун и наркотици од 0,2 %, комуникации, облека, обувки и домување, вода, електрика, гас и други горива од 0,1 %.
Цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година пораснале за 0,6 %.












