среда, август 26, 2026
Дома СВЕТ Хорор во забавен парк во Хамбург: 23 лица останале заглавени три часа...

Хорор во забавен парк во Хамбург: 23 лица останале заглавени три часа на висина од 30 метри/ВИДЕО

1
screenshot X

Дваесет и три лица останаа заглавени високо над земјата околу три часа откако рингишпил се расипа на саем во северниот германски град Хамбург, соопшти полицијата.

Возењето запрело доцна синоќа поради технички дефект, што предизвика голема интервенција на полицијата и пожарникарите во обид да ја спуштат конструкцијата и да спречат паника каѓу заглавените луѓе, јави ДПА.

Според весникот „Билд“ (Bild), патниците биле заглавени на околу 30 метри над земјата.

Уште пред полноќ, реквизитот бил повторно ставен во функција и луѓето успеале да се симнат неповредени и без помош од пожарникарите, изјави портпаролот на полицијата.

Германската организација за техничка инспекција ТИФ е меѓу оние кои се очекува да истражат што го предизвикало инцидентот.

Рингишпилот е дел од летниот саем во Хамбург „Зомердом“ кој трае до недела. Оваа година настанот за првпат се одржува пет недели, за разлика од претходно кога траеше четири.

Повеќе од 1,3 милиони луѓе го посетија „Зомердом“ минатата година, според податоците на организаторите.

ИЗДВОЕНИ