Хорор во Србија: Полицијата уште трага по опасен напаѓач кој избоде 67-годишна жена пред нејзиниот внук пред зграда во Нов Белград

536
Фото:МВР Србија

Српската полиција сè уште интензивно бара полуден маж кој оваа сабота безумно избодел жена (67) пред нејзиниот млад внук во зграда во Нов Белград. Полицијата објави негова фотографија и ги повикаа сите граѓани со какви било информации веднаш да се јават во полицијата.

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека мажот кој во саботата нападна 67-годишна жена со нож во Нов Белград и ѝ нанесе повеќе убодни рани сè уште не е идентификуван.

Дачиќ за „РТС“ изјави дека работи на идентификување на напаѓачот.  Голема операција „Виор“ за негово пронаоѓање и апсење е во тек.

„Не е идентификуван. И покрај напорите на полицијата, немаме функција за препознавање лица, но работата е во тек и тоа е приоритет“, рече Дачиќ.

Нападот се случил околу 13 часот, а морничавата снимка од безбедносните камери објавена од локалните медиуми ги прикажува детето и жената како влегуваат во зградата. Таа носи торба. Еден маж влегува веднаш по нив. Додека почнуваат да се качуваат по скалите, тој ѝ се обраќа на жената со насмевка. По неколку чекори, тој одеднаш се нафрла врз неа и насилно ја прободува неколку пати со нож. Потоа ја зема нејзината торба, ја фрла жената по скалите и бега. Преплашеното дете останува да седи на скалите со тешко повредената жена, објави „Курир“.

Жената, за среќа, преживеала и е во болница. „Курир“ пишува дека таа претрпела три убодни рани во пределот на десната клучна коска, една во левата клучна коска, четири во левото рамо и една во главата. Таа има и пневмоторакс, тешка повреда на белите дробови.

 

ИЗДВОЕНИ