Хорор во Србија: Една жена е убиена, а пет лица се повредени во пукање во населба во Белград

53

Жена е убиена, а неколку лица се повредени во пукотница што се случила околу 14:25 часот во белградската населба Вишњичка бања.

Во белградската населба Вишњичка бања, се случило пукање во бар на улицата „Сланачки“, јавува „РТС“.

Непознати напаѓачи влегле во зградата и отвориле оган.

Една жена е убиена на лице место, а две амбулантни возила ги однеле ранетите.

Според „Танјуг“, пет лица повредени во пукање во Вишњичка бања денес се примени во Ургентниот центар, од кои едно е префрлено во операциона сала во тешка состојба.

„Едно лице со сериозни повреди веднаш е испратено во операциона сала под мерки за реанимација, додека другите лица моментално се во реанимација, а се врши дијагностика и третман на повредите“, соопшти Центарот за итни случаи.

Полицијата ја започна операција „Вихор 3“.

Неколку полициски автомобили се на местото на настанот.

ИЗДВОЕНИ