Хорор во Славонија: Останки на исчезната жена пронајдени во јама, соседите со морничава приказна

75

Во Славонија, во близина на Осиек, во септичката јама на семејна куќа, пронајдени се остатоци од жена по која се трагало од почетокот на август.

Таа живеела со својот сопруг, а потрагата траела повеќе од дваесет дена. Полицијата започнала темелна истрага во нивниот дом во вторник наутро, вклучувајќи претрес на куќата, кршење бетонски делови од дворот и испумпување на јамата. Неофицијално, се дознава дека се пронајдени делови од нејзиното тело.

Соседите го опишале брачниот пар како повлечени и проблематични. Тие одгледувале питбули, а двајцата претходно биле во затвор.

„Не ги познавам многу добро бидејќи се преселија во таа куќа пред неколку години. Многу се држеа сами до себе. Одгледуваа питбули, па затоа немаа гости. Тој работеше во компанија, а не сум сигурен дали таа работеше некаде. Имаше малку проблематичен карактер. И двајцата беа во затвор. Имаа и дете, но им беше одземено поради таков проблематичен живот. Не се сеќавам кога последен пат ја видов, би рекол одамна, и беше многу симптоматично кога се појави информацијата дека таа е исчезната. Тој беше пред куќата, зборуваше гласно на мобилен телефон. Беше необично што одеше горе-долу. Сега кога слушнавме дека е пронајдена во делови, се згрозивме. Јадна жена“, вели за 24.hr. еден од нивните соседи, кај кого дошла полицијата за да дознае повеќе за брачниот пар.

Друг сосед опиша дека почувствувале неподнослива смрдеа за време на викендот.

„Ја избегнував нивната куќа. Тој човек изгледаше малку страшно, иако никогаш не слушнав никаков шум што доаѓа од нивната куќа. Немаше добри приказни за нив, но нема да навлегувам во тоа.“ Им кажав на полицајците дека ми е многу необично што сите минатиот викенд на улицата почувствувавме неподнослива смрдеа, како изгорено месо. Се надевам дека не доаѓаше од нивната куќа…“, вели друг сосед со ужас.

Полицијата потврди дека во куќата се пронајдени траги од можно кривично дело, а беше најавена и детална истрага.

ИЗДВОЕНИ