Неколку лица се повредени денес во напад со меч во средното училиште „Брунел“ во шведскиот град Фагерста, кој се наоѓа на околу 160 километри западно од Стокхолм. Полицијата го застрелала напаѓачот во ногата и го привела, пренесува шведскиот весник „Експресен“ (Expressen).
„Добивме пријава за напад во училиште во Фагерста. Полициски патроли веднаш излегоа на местото на настанот и едно лице е приведено. Продолжуваме со активностите на терен, ангажирајќи ги сите расположливи ресурси“, соопшти полицијата, според пишувањата на „Дејли мејл“ (Daily Mail).
Надлежните служби ги повикаа граѓаните да ги почитуваат поставените полициски кордони и да ги следат упатствата на полицијата.
„Родителите очајнички се обидуваат да стапат во контакт со своите деца“
Репортер од шведскиот јавен сервис SVT во директен пренос изјави дека „родителите очајнички се обидуваат да стапат во контакт со своите деца“. Поради новиот закон со кој се забранува употреба на мобилни телефони во училиштата, тоа се покажува како тешко изводливо.
„Видов вооружени полицајци. На местото на настанот има многу луѓе и владее голема вознемиреност“, рече репортерот на SVT.
Шведскиот министер за правда, Гунар Стремер, исто така го коментираше инцидентот за весникот „Афтонбладет“ (Aftonbladet).
„Информирани сме за сериозен инцидент во Фагерста. Полицијата е на терен и интензивно работи на случајот. Владата е во постојан контакт со полицијата и континуирано ја следи ситуацијата“, изјави тој, како што пренесува „Сан“ (The Sun).
Деталите за нападот сè уште не се познати, а наскоро се очекуваат дополнителни информации.
🇸🇪 SUÈDE : Plusieurs personnes ont été blessées à coups d’épée dans un lycée à Fagersta, dans le centre du pays. L’assaillant a été neutralisé par balle par la police et interpellé (Aftonbladet). pic.twitter.com/fPo9diYpZd
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) August 21, 2026












