Неколку лица се повредени во напад со нож во студентски дом во рускиот град Уфа денес, откако тинејџер избоде жители, објавија руските медиуми.
Според прелиминарните извештаи, тинејџер вооружен со нож денес нападнал неколку лица во студентски дом на медицински универзитет во Уфа, избодувајќи неколку од нив, а повредените се однесени во болница.
Напаѓачот се спротивставил на апсењето и избодел двајца полицајци, при што и самиот бил повреден, а подоцна бил хоспитализиран, објави Интерфакс.












