петок, февруари 27, 2026
Дома БАЛКАН Хорор во Певкохори: Делови од човечки тела пронајдени во торби

Хорор во Певкохори: Делови од човечки тела пронајдени во торби

107

Човечки делови беа пронајдени во торби во рурална област во Пефкохори, Халкидики, во четврток попладне.

Околу 18:30 часот, шумарските работници кои работеле во областа ги забележале вреќите и се соочиле со морничава глетка.

Според градоначалникот на Пефкохори, Јоргос Цикуридис, кој ги известил и властите, во 17:30 часот тие отишле на терен по работа и додека си оделе виделе торба и куфер со ќебиња облиени со крв, објавува „Прототема“.

Од раката што штрчела и имала прстен, сфатиле дека станува збор за човечко тело.

Полициските сили се упатиле кон местото на настанот, а областа е обезбедена, додека се очекува да пристигне и судски експерт.

 

ИЗДВОЕНИ