Обезглавено тело на неидентификувана жена е пронајдено денес во општината Скандичи, во близина на Фиренца, соопшти локалната полиција. Карабињерите го истражуваат местото на настанот, а околностите на злосторството сè уште се истражуваат.
Обезглавено тело на жена, која сè уште е неидентификувана, е пронајдено денес во близина на селска куќа во општината Скандичи, во близина на Фиренца, соопшти локалната полиција.
Телото е пронајдено во област претходно управувана од локалната филијала на Италијанскиот национален истражувачки совет (CNR), чие седиште е во Рим, објави АСНСА.
Според италијанските медиуми, минувач пријавил дека го пронашол телото околу пладне. Според полициското соопштение, жената била обезглавена. Карабињерите го истражуваат местото на настанот.












