Шеснаесетгодишно момче е тешко повредено во напад со нож во Херфорд, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, во близина на божиќен базар, додека напаѓачот, за кој се верува дека е познат на жртвата, е во бегство.
Портпаролот на полицијата потврди дека инцидентот се случил во споредна улица во близина на божиќниот базар, објавува „Дер Шпигел“.
Според првичните информации, напаѓачот и жртвата се познавале од претходно. Осомничениот избегал по нападот и сè уште е на слобода, а полицијата засега не објавува дополнителни детали за него, повикувајќи се на интересите на истрагата.












