Човечки останки се пронајдени на автопатот А45 во Германија. Според „Билд“, најверојатно станува збор за отсечени раце на жена.
Околу 3 часот наутро, возач ја повикал полицијата и пријавил дека видел неидентификувани предмети на патот, а полицајците откриле дека се пронајдени човечки останки. Автопатот веднаш бил затворен, а детективите за убиства пристигнале на местото на настанот.
Би пребаран и делот од автопатот. Јавното обвинителство сè уште не објавило за колку делови од тело се пронакјдени, но како што објави „Билд“, се верува дека станува збор за отсечени раце на жена.
Сè уште е нејасно како точно деловите од телото завршиле на автопатот. Првичните истраги покажуваат дека не станува збор за несреќа. Автопатот А45 бил повторно отворен утрово, а истрагата за убиството е во тек.












