петок, февруари 13, 2026
Дома СВЕТ Хорор во Будимпешта: Огнена стихија проголта хотел, има мртви и тешко повредени/ФОТО/ВИДЕО

Хорор во Будимпешта: Огнена стихија проголта хотел, има мртви и тешко повредени/ФОТО/ВИДЕО

46
screenshot video Budakeszi Hír

Пожарот што избувна утрово во Будакеш, недалеку од Будимпешта, одзеде неколку животи, додека десетици луѓе се повредени. Пламените целосно го зафатија покривот на двокатниот хотел на улицата Зичи Петер, а се претпоставува дека причина за пожарот е експлозија на плинска боца.

Пожарникарите евакуираа неколку луѓе наутро и во урнатините пронајдоа три тела, двајца мажи и една жена. Целата кровна конструкција на двокатната зграда изгоре во пожарот, а според досегашните информации, повредени се околу 20 лица.

Двокатната зграда на улицата Зичи Петер се запали во раните утрински часови во петокот.

Градоначалничката на Будакеш, Отилија Ѓери, објави на Фејсбук дека има мртви и тешко повредени. Според неа, покривот на хотелот се запалил во текот на ноќта.

Помош им е пружена на 22 лица – четворица се во животна опасност, тројца се во тешка состојба, а 15 се здобиле со полесни повреди. Повредените се пренесени во осум болници во Будимпешта.

Се верува дека пожарот избувнал околу 2:15 часот наутро поради експлозија на плинска боца, а беше згаснат итрово, објави Index.hu.

ИЗДВОЕНИ